Top Sport

УЕФА ќе го истражи „случајот Мораеш“

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе истражи дали Бразилецот Жуниор Мораеш имал право да игра за репрезентацијата на Украина во првите два квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2020.

Според правилата на ФИФА, натурализиран фудбалер можа да заигра за друга репрезентација само доколку во континуитет во државата живее пет години. Спорно е дали напаѓачот на Шахтјор го исполнил овој услов.

„Жалбата е упатена до Комисијата за контрола, етика и дисциплина, истата ќе биде разгледана на еден од наредните состаноци. Датумот дополнително ќе биде одреден“, објави УЕФА на официјалната интернет страница.

Португалскиот портал „maisfutebol.iol.pt“, први објавија дека Украинците направиле груба грешка. Од друга страна во Фудбалскиот сојуз на Украина тврдат дека правилата се испочитувани и дека не стравуваат од евентуални санкции.

Украина, во првите две кола во Б-групата, одигра 0:0 со Португалија во Лисабон, а потоа победи во Луксембург со 2:1.

ФИФА би можела да ја казни Украина

Scroll to Top