Оле Гунар Солскјер доби постојан договор од Манчестер Јунајтед. Норвежанецот со клубот од „Олд Трафорд“ потпишал три годишен договор.
Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед, во декември минатата година, го наследи Жозе Мурињо. Тој успеа да ги среди работите во соблекувалната и што е најважно го врати тимот на победничките патеки.
„Ова е работата за која секогаш сум сонувал. Воодушевен сум што добив шанса да го водам овој клуб. Од првиот ден се чувствувам како дома. Чест е да се биде играч на Манчестер Јунајтед, а потоа и тренер. Последните месеци беа фантастични“, рекол Солскјер.
Норвежнецот седна на клупата на Јунајтед, во моментот кога тимот се наоѓаше на шестото место на табелата со 11 бода помалку од четвртото место. Во неговиот досегашен мандат, Јунајтед се поразени само еднаш на 13 натпревари во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед сега се на четвртото место на табелата.
Исто така, Јунајтед прв пат по 2014 година ќе играат во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Во осмина-финалето со спектакуларен пресврт го елиминираа ПСЖ.