Белоруски Мешков Брест по синоќешниот болен пораз од скопски Вардар на Ф4 турнирот во регионалната СЕХА лига што се игра токму во Брест, денеска имаше утешен триумф против Нексе со 24:19. Со победата Мешков го освои бронзениот медал во регионалното натпреварување
Во натпревар со мал број на погодоци Мешков Брест фуриозно стартуваше и поведе со 5-1, предност што на полувремето се намали на 4 разлика, беше 12:8.
Во второто полувреме единствено што гостите од Хрватска успеаја е да се вратат на минус 3, но тоа не беше доволно за изненадување. Мешков одигра дисциплинирано до крајот и триумфираше за прва бронза во СЕХА.
Најпрецизен кај победничкиот тим беше Баранау со 5 гола, а Обрадовиќ постигна 4. Во тимот на Нексе, Јагањац и Шипиќ по петпати прецизно стрелаа.
Во 19 часот во финалето за трофејот ќе се борат Вардар и Загреб.