Top Sport

Шкендија со победа кај „Пандевци“, Вардар зема само бод од фенерџијата Победа

Шкендија извојува минимална победа од 1-0 (голот го постигна репрезентативецот Муслиу во 30 минута) во Струмица кај Академија Пандев, додека скопски Вардар повторно и разочара симпатизерите и освои само под против фенерџијата Победа од Прилеп, резултатот 0-0.

И ова коло од ПМФЛ беше крајно неефикасно, на петте меча само 6 постигнати погодоци.

Со новите 3 бода на Шкендија и бодот кој Вардар го зема од прилепчаните, бодовната разлика на табелата меѓу овие два тима сега е 10 бода.

Во останатите мечеви Работнички кој минатото коло го смени тренерот одигра 1-1 на домашен терен против струмичка Беласица.

Со истиот резултат заврши и мечот меѓу Силекс и Македонија ЃП.

Ренова, пак, минимално со 1-0 славеше против Шкупи.

Еве ги сите резултати и изгледот на табелата по ова коло:

Академија Пандев – Шкендија 0:1
Победа – Вардар 0:0
Работнички – Беласица 1:1
Ренова – Шкупи 1:0
Силекс – Македонија ЃП 1:1

Табела:

1. Шкендија 59
2. Вардар 49
3. Академија Пандев 45 (-1)
4. Ренова 36
5. Шкупи 33
6. Работнички 33
7. Македонија ЃП 31
8. Силекс 25
9. Беласица 23
10. Победа 19 (-1)

Scroll to Top