Top Sport

Пеле заврши во болница во Париз со висока температура и грозница

Едсон Арантес до Насименто – Пеле (78), еден од најголемите фудбалери на сите времиња синоќа завршил во болница во Париз поради висока температура и грозница, пренесуваат тамошните медиуми. Пеле бил на промотивна манифестација во друштво на младата ѕвезда, Килијан Мбапе.

Според информациите, животот на Пеле не е загрозен.

Бразилецот има три титули светски фудбалски првак во 1958, 1962 и 1970 година.

Пеле во 1999 година е прогласен за еден од петте најдобри спортисти на 20 век, заедно со Карл Луис, Мухамед Али, Мајкл Џордан и Марк Шпиц.

Scroll to Top