Тимот на Хофенхајм кој е препознатлив по напаѓачкиот и отворен фудбал денеска нагости кај Аугсбург го докажа токму тоа. Гостите одиграа фантастичен меч со 4 гола во мрежата на домаќинот ги земаа трите бода кои им се многу важни во борбата за излез во Еврпа наредната сезона.
Крамариќ донесе водство уште 6 минута. Хофенхајм на 0-2 зголеми во 61 минута со голот на Белфодил. Истиот играч ги постигна и останатите два гола за својот тим. Најпрво во 74 минута погоди за 0-3, а противникот го докрајчи со 0-4 во 82 минута од мечот.
По ова коло Хофенхајм е на 7 позиција на табелата со 44 бода, додека Аугсбург е на последната позиција на табелата која осигурува опстанок во првата Бундес лига. Директниот конкурент кој бара спас во елитното друштво, тимот на
Штутгарт заостанува 4 бода на 6 кола до крајот на првенството.