Top Sport

Работнички без мака против кумановци, сегa го „чекаат“ МЗТ

Работнички со 104:80 (31:16, 23:22, 23:13, 27:29) го совлада Куманово за да се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија, каде што ќе го чекаат подобриот од дуелот МЗТ Скопје-Кожув.

Момците на Марин Докузовски имаа полесен меч од очекувањата, откако во првата четвртина направија предност од +15, која потоа ја зголемија на почетокот на второто полувреме, за на крајот да стигнат до лесна победа.

Најдобри поединци за Работнички беа Крстевски со 24 и Стајиќ со 20 поени, додека Пенов уфрли 17 за Куманово.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4 ФИНАЛЕ

Блокотехна – Охрид 115:68 (27:18, 34:17, 25:14, 29:19)

Работнички – Куманово 104:80 (31:16, 23:22, 23:13, 27:29)

МЗТ Скопје – Кожув 17.30 ч.

Гостивар – Фени И. 20.15 ч.

Фото: МКФ

Scroll to Top