Бројот 69 со кој Ники Хајден ја освои Мото ГП титулата во 2006 година е „пензиониран“ од страна на организаторите Дорна и Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ) на церемонија на ГП на Америките во Остин, Тексас. Хајден загина во 2017 година откако беше удрен од комби додека возеше велосипед во Италија.
Во емоционална церемонија во Остин, каде што беа присутни членови на семејството на Американецот предводени од неговиот татко Ерл, беше покажано видео со неговите најдобри моменти, а за него зборуваше неговиот најстар брат Томи.
„Ники ја сакаше Мото ГП поради причина – тука имаше многу добри луѓе. Ники имаше голем успех на патеката, но имаше и огромно влијание на животите на сите кои го сретнаа. Бројот 69 е специјален за нашето семејство – мојот татко се тркаше со него, и Ники го носеше во текот на целата кариера. Да се биде повлечен од Мото ГП значи многу“, изјави Томи Хајден.
LIVE ? Follow the ceremony where Nicky Hayden’s number 69 will be retired from #MotoGP ✨ #RideOnKentuckyKid ?? https://t.co/h6pQCTjGrc
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) April 12, 2019
Remembering the ‘Kentucky Kid’ ✨
As Nicky Hayden’s iconic number 69 is retired from Grand Prix premier class racing, we look back on the life of the 2006 World Champion ??#RideOnKentuckyKid pic.twitter.com/qQa4pyPBjF
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) April 12, 2019
The best memories ✨
This is how we want to remember Nicky Hayden on the day his number 69 is retired from #MotoGP ?#RideOnKentuckyKid pic.twitter.com/GQNWqFzZfD
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) April 12, 2019