Луис Хамилтон нема да ја даде својата светска титула лесно, откако стигна до својата втора победа во првите три трки од новата Формула 1 сезона, поминувајќи го својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас на стартот на Кинеското ГП, за рутински триумф во историската 1000. трка во шампионатот.
Ова е 74. победа во кариерата на ѕвездата на Мерцедес, со која е нов лидер во генерален пласман пред својот колега Ботас, и шеста победа на патеката во Шангај. Хамилтон има 68 поени пред Ботас со 62.
„Не беше наједноставен викенд, но ова е фантастичен резултат за мене и за тимот. Дојдовме тука не знаејќи каде сме со силите, но на крајот имаме еден-два победа во 1000-тата трка“, изјави Хамилтон.
BREAKING: @LewisHamilton wins the 1000th F1 race, triumphing in China for the sixth time and taking the lead in the world championship standings ?#ChineseGP ?? #Race1000 pic.twitter.com/5CpCtHSGO7
— Formula 1 (@F1) April 14, 2019
Ферари повторно не успеаја да ги предизвикаат возачите на „Сребрената стрела“, откако Себастијан Фетел заврши како трет пред Макс Ферстапен во Ред бул и колегата Шарл Леклер, откако од Ферари му наредија на младиот возач од Монако да го пропушти Германецот. Фетел во финишот исто така го загуби дополнителниот поен за најбрз круг откако Пјер Гасли во Ред бул во претпоследниот круг му го „грабна“ поенот.
Гасли заврши на шестото место пред Даниел Рикардо (Рено), Серхио Перез (Рејсинг поинт), Кими Раиконен (Алфа Ромео), а својот квалитет го покажа младиот возач на Торо росо, Александер Албон откако од последното место на стартот успеа да стигне до 10. место и до својот прв поен во кариерата.
Стартот на трката беше одбележан со нов „камиказе-потег“ на Данил Квјат, кој ги „собра“ двајцата возачи на Мекларен, за што доби казна за влегување во боксот. Нико Хилкенберг пак, ја го има неславниот скор – три трки-три откажувања за тимот на Рено.
The collision on lap 1 that led to the VSC and a drive through penalty for Kvyat?#ChineseGP #F1 pic.twitter.com/2rxdTMoTIH
— F1 Live (@F1Live2) April 14, 2019
TOP TEN (LAP 56/56)
HAM ?
BOT
VET
VER
LEC
GAS
RIC
PER
RAI
ALB#ChineseGP ?? #Race1000 pic.twitter.com/bZY2lSCKWk— Formula 1 (@F1) April 14, 2019