Иако Роџер Федерер постојано го нарекуваат најталентираниот тенисер во историјата, освојувачот на 20 гренд слем титули вели дека не се успева само со природниот талент.
„Талентот дефинитивно не е доволен, потребна е напорна работа, вистински луѓе околу тебе, поддршка од родителите… Многу работи се потребни за да дојдеш до врвот. Секако, убаво е да имаш талент, но тој не ти носи победи“, вели Федерер.
Запрашан дали во моментов е потешко да се доминира на АТП турнејата отколку во минатото, Федерер е јасен.
„Сега има толку различни стилови, а ако погледнете во минатото еден Пит Сампрас никогаш не победи на Ролан Гарос и тоа кажува многу“, додава Федерер.