Пред 20 години, Манчестер јунајтед ја играше сезоната од соништата, кога на тимот на Сер Алекс Фергусон на патот им се најде тогаш фантастичниот тим на Арсенал во полуфиналето на ФА купот, дуел кој тогаш беше најголемото англиско дерби.
Во првиот меч на „Вила парк“ немаше победник во дуелот со тогашниот двократен актуелен англиски шампион. Три дена подоцна, повторно во Бирмингем на „Вила парк“, Дејвид Бекам им донесе водство на Јунајтед со фантастичен гол од слободен удар, меѓутоа, Арсенал успеа да израмни преку Денис Бергкамп, чиј удар се одби од Јап Стам и заврши зад грбот на Петер Шмајхел.
Бидејќи ова беше резултатот по 90 минути игра, откако прво црвен картон доби Рој Кин, а потоа беше досуден пенал за Арсенал, кој не го искористи Бергкамп. Казната стигна преку Рајан Гигс, кој имаше неверојатен соло продор за да го постигне својот најдобар гол во кариерата и да ја донесе првата од трите титули на Јунајтед таа сезона.