Челниците на кошаркарската Евролига, на состанокот во Берлин, сонесоа важни одлуки што се однесуваат на двете натпреварувања што ги организира ЕЦА (Евролига и Еврокуп).
Најзначајната одлука е од сезоната 2020/2021 двете најдобри екипи од Еврокупот ќе изборат пласман во Евролигата.
Досега само освојувачот на Еврокупот добиваше место во најквалитетното друштво.
Исто така, потврдено е дека во сезоната 2019/2020 во Еврокупот ќе учествувата три екипи од АБА-лигата и од ВТБ-лигата, по два тима ќе доаѓаат од Франција, Германија, Италија и Турција, а по еден претставник ќе имаат Литванија, Грција и Полска.
ЕЦА за учество во Еврокупот ќе подели и три специјални покани.