Милан Шкрињар во летниот преоден рок ќе биде еден од најбараните фудбалери на пазарот, меѓутоа ќе остане во Интер, поради цената што клубот ја одредил: Интер немаат намера да го продадат Словакот за помалку од 100 милиони евра.
Интерес за Шкрињар има кај најтрофејните шпански клубови Реал и Барселона, кај клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити, односно Ливерпул.
Неговиот менаџер Митхат Халис открил дека обесштетувањето за Шкрињар е големо, односно дека Интер нема намера да се откаже од него.
„Цената е голема, се работи за 100 милиони евра. Оваа цена можат да ја платат само два тима од Шпанија и неколку од Премиер лигата“, рекол Хилс.
Тој потврдил дека во минатото Атлетико Мадрид биле заинтересирани за Шрињар и тоа во периодот додека настапувал во Сампдорија.
„Атлетико го бараше додека играше во Сампдорија, но сега не се јавуваат. Кога станува збор за Барселона и Реал, досега не испратиле доволно добри понуди“, заклучил Халис.