Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина побара казна за Тиемуе Бакајоко и Френк Кеси за покажувањето непочитување кон ривалите откако го држеа дресот на Франческо Ачерби како „скалп“.
Милан во саботата со 1:0 го совлада Лацио, но мечот беше во сенка на инцидентот кога Бакајоко и Кеси го покажуваа дресот кон своите навивачи. Пред мечот Ачерби неколку пати даде провокативни изјави за Милан, во една велејќи дека секој фудбалер на Лацио е подобар од секој фудбалер на Милан, но изјави дека сакал да ги намали тензиите кога по мечот се сменил со дресовите со Бакајоко.
По инцидентот реагираше и тренерот на Милан, Џенаро Гатузо кој се извини на Ачерби, но претседателот на федерацијата бара казна.
„Тоа што се случи на ’Сан Сиро’ беше непочитување на ривалот и како што кажа министерот за спорт, Џорџети, нешто што го намалува достоинството. Тоа мора да биде казнето и осудено за прекршување на спортските норми.Имаше некои расправии на социјалните мрежи, а самиот Џенаро Гатузо изјави дека фудбалерите премногу се фокусираат на тоа наместо на тренинзите. Ачерби со давањето на дресот сакаше да стави крај на тоа, а тие го покажуваа дресот како скалп“, вели Гравина.
Грдата страна на дербито – неспортски гест на фудбалерите на Милан