Очекувањата во Торино за освојување на Лигата на шампионите по долга пауза од 23 години пораснаа минатото лето кога Кристијано Роналдо од Реал Мадрид потпиша за „Старата дама“. Се функционираше беспрекорно се до четвртфиналето кога младиот тим на Ајакс му покажа на Јуве како се игра фудбал.
Ајакс сосема заслужено го исфрли Јувентус од ЛШ, Роналдо даде се од себе, но не беше семоќен.
Свое мислење околу целата ситуација даде и легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло. Според него, најголемиот проблем во тимот е Марио Манџукиќ.
„Ни Икарди не би му помагнал на Јувентус. Нив покрај Роналдо им треба навистина силен напаѓач. Искрено, ниту Манџукиќ не би требало да биде во нападот следната година доколку Јуве сака да ја освои ЛШ“ смета Пирло.