Милан и неговите фудбалери Тиемуе Бакајоко и Френк Кеси беа казнети вкупно 86.000 евра за држењето на дресот на дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби како трофеј по 1:0 победата во саботното дерби на „Сан Сиро“, тврдат италијанските медиуми, кои додаваат дека Лацио ќе настрада за расистичкото навивање на нивните навивачи.
Милан се согласиле со Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) за исплата на 86.000 евра – 33.000 евра по фудбалер и 20.000 евра за клубот, тврди „Газета дело спорт“. Финансиската казна е намалена за третина и Милан веднаш се согласил да ја исплати.
Ачерби ги налути навивачите и фудбалерите на Милан кога пред мечот изјавуваше дека „не може да има споредба“ меѓу квалитетот на фудбалерите на двата тима. Но, тој по мечот ги размени дресовите со Бакајоко во обид да ја намали тензијата, пред инцидентот пред навивачите на Милан. Двајцата се извинија на Ачерби по мечот.
„Многу се кажа за тој инцидент, згрешивме и се извинивме. Не можеме да направиме нешто повеќе“, вели тренерот на Милан, Џенаро Гатузо.
Во исто време, се појави видео на социјалните мрежи на кое група навивачи на Лацио упатуваат расисички извици кон Французинот Бакајоко при 2:0 победата на Лацио над Удинезе во средата. На видеото се гледаат навивачите како пеат: „Оваа банана е за Бакајоко“.
Lazio fans singing a racist chant against Bakayokopic.twitter.com/15EzSQYAex
— Milan Eye (@MilanEye) April 18, 2019
Грдата страна на дербито – неспортски гест на фудбалерите на Милан