Top Sport

Хоџсон го брани голманот Хенеси: Сега ќе научи сѐ за Хитлер и нацизмот

Голманот на Кристал палас, Вејн Хенеси избегна казна за покажување на нацистички поздрав, откако тврдеше дека воопшто ништо не знае за Адолф Хитер и за нацистите, и сега неговиот тренер Рој Хоџсон вели дека тој е „очаен“ да биде едуциран за овие теми.

Велшкиот голман беше обвинет од Фудбалската асоцијација (ФА) откако во јануари се појави фотографија со крената десна рака и лева рака на устата, која беше објавена од неговиот колега од Палас, Макс Маер, кој иронично е Германец. Хенеси демантираше дека правел нацистички поздрав и на сослушувањето во ФА, беше утврдено токму тоа – тој имал „значително непознавање на Хитлер, фашизмот и нацизмот“. Хоџсон вели дека клубот ќе го едуцира.

„Не знам колку треба да бидеме разочарани од неукоста на Хенеси. Мојата генерација, тие кои се постари, знаат многу повеќе. Не знам што учат младите. Вејн е искрен и добар човек, а тоа што му недостасува едукација е нешто што клубот мора да работи да го порави. Тој сега е навистина очаен да научи повеќе“, вели Хоџсон.

Scroll to Top