Тотенхем ја прекина лошата низа на резултати на англиските клубови кои се борат за пласман во Лигата на шампионите, откако Кристијан Ериксен во финишот на мечот успеа да го „пробие“ Брајтон дома за 1:0 победа.
Откако минатите три дена, Тотенхем, Челси, Манчестер јунајтед и Арсенал не успеаја да победат, Спарси не пропуштија уште една шанса да избегаат на конкуренцијата. Сега тие се трети со 70 поени, пред Челси (67 поени), Арсенал (66 поени) и Јунајтед (64 поени). Арсенал и Јунајтед имаат натпревар помалку – тие имаат уште четири меча, додека Челси и Тотенхем уште три.
Поенот, пак, од друга страна можеше да се покаже како клучен за Брајтон за опстанок во лигата – тие се на 17. место со 34 поени, само три пред 18-пласираниот Кардиф, а двата клуба имаат само уште три натпревари за играње. Фулам и Хадерсфилд веќе се испаднати.
И Саутемптон не успеа да дојде поблиску до сигурен опстанок, откако одиграа 1:1 на гостувањето кај Ватфорд. „Светците“ дојдоа до водство со најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата – Шејн Лонг ја уфрли топката во голот на домаќините по само 7.69 секунди игра, но Ватфорд израмнија во 90-тата минута со голот на Енди Греј. Саутемптон сега се 16. со 37 поени.