Top Sport

Баерн Минхен го сака на „Алијанц арена“ тренерот на Ајакс, Тен Хаг

Ерик Тен Хаг, тренерот на Ајакс од Амстердам е мета на голем број фудбалски великани од стариот континет, а во трката по неговиот потпис се впушти и минхенски Баерн.

Иако Баварците се на врвот на табелата во Бундеслигата, сепак тоа не му гарантира сигурна позиција на тренерското столче на Хрватот Нико Ковач. Тој нема поддршка од навивачите, па затоа се повеќе се шпекулира дека 49-годишниот Тен Хаг е многу блиску до премин од Амстердам во Минхен.

Ајакс на две кола пред крајот е на чело на холандското првенство со 3 бода повеќе од ПСВ, но и меч повеќе.

Играчите на амстердамскиот клуб сезонава постигнаа 160 гола што е клупски рекорд.

Тен Хаг пред да седне на клупата на Ајакс беше кормилар на Го Ахед Иглс, втората екипа на Баерн, како и Утрехт.

Scroll to Top