Вардар одигра брилијантен натпревар против Пик Сегед во првото четвртфинале од ракометната ЛШ, па двајца играчи од „црвено-црниот“ табор се најдоа во изборот на ЕХФ за тим на колото.
Централниот бек Игор Карачиќ и десниот бек Даинис Криштопанс постигнаа по 8 гола за својот тим и сосема заслужено се најдоа во тимот на колото.
Покрај нив, во најдобрата седморка на ЕХФ има место и за маестралното лево крило од ПСЖ, Уве Генсхајмер, а свој печат на колото оставија и Кулеш и Јанц од Киелце, Фабрегас од Барселона и Миклер меѓу стативите од Веспрем.