Сезоната во регионалната АБА лигата заврши, а челниците на натпреварувањето ги избраа петте најдобри потези на плеј-офот.
Црвена Звезда ја освои титулата, а потегот на нејзиниот играч Борис Симаниќ е избран како најатрактивен. Младиот кошаркар на мечот против Будуќност за 7 секунди најпрво успеа да „залепи банана“, а веднаш потоа на другата страна ја заби топката во обрачот.
Во топ 5 листата имаше место и за рампата на Џејмс Бел од Будуќност, место најдоа и Алекс Ренфро од Партизан, Иван Рамљак од Цедевита и Мајкл Оџо од Звезда.
Погледнете: