Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид откако попладнево славеше против Жереми Шарди во два сета со 6-1 и 7-6. Новак го победи Шарди 13-ти пат во низа, а притоа без да загуби ниту еден сет.
Од самиот почеток Србинот ја наметна својата доминантна игра, се му одеше од рака, па не му остави можност на противникот да се надева на позитивен резултат.
Во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид ќе има балканско дерби, Ѓоковиќ по 20-ти пат ќе игра против Хрватот Марин Чилиќ, кој денеска по пресврт славеше победа против уште еден српски тенисер, Ласло Ѓере.
Во досегашните нивни 19 дуели, Ѓоковиќ загубил само двапати.