Top Sport

Силесен од Барселона се сели во Бенфика?

Голманот на Барселона и холандската репрезентација, Јаспер Силесен, потврдил дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. Силесен повеќе не сака да му биде резерва на Тер Штеген, меѓутоа сите се изненадени од изборот на неговиот нов клуб.

Силесен е играч на Барслеона од 2016 година, кога Кталонците го добија од Ајакс за само три милиони евра. За три години тој не успеа да се избори за место во тимот покрај Тер Штеген. Силесен единствено бранеше во натпреварите во Купот на Кралот.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Силесен кариерата ќе ја продолжи во екипата на Бенфика.

Инаку интерес за Холанѓанецот покажале и од Јувентус, но тешко е да се верува дека тој ќе ја прифати таа понуда бидејќи и таму би бил резерва.

Scroll to Top