Капитенот на Рома, Даниеле де Роси го напушта клубот по речиси две децении во Рим, а големи клубови сакаат да го ангажираат. Информациите се дека Манчестер Сити, ПСЖ, Бока Јуниор и Њујорк Сити се заинтересирани за неговите услуги.
„Тутомеркато“ вели дека Њујорк прв „застана во ред“ за потписот на 35-годишниот фудбалер. „Граѓаните“ од Манчестер сакаа да го ангажираат Италијанецот уште во зимскиот преоден рок, додека ситуацијата ја следи и ПСЖ оти на „светците“ очајно им е потребен квалитетен играч од средниот ред.
Предноста на Бока пред останатите заинтересирани клубови пак е што Де Роси никогаш не ја криел наклонетоста кон клубот од Буенос Аирес.
„Волчицата“ не му понуди нов договор на фудбалерот со образложение дека неговото време поминало и дека може да одбере функција, со што Де Роси не се согласи.
Италијанскиот фудбалер за Рома одигра 614 меча и е втор во историјата, по Франческо Тоти кој 786 пати го носеше дресот на „волчицата“ од Рим.