Голден Стејт вориорс се пред ново финале на НБА лигата, откако победија со 110:99 во Портланд за да поведат со 3:0 во финалето на Западната конференција, иако Трејлбејзерс имаа и предност од 18 поени.
По двете домашни победи, актуелните шампиони и без Кевин Дурент беа пресилни за Портланд и сега пред Трејлблејзерс е „невозможна мисија“.
Портланд имаше одличен старт и водство од дури 18 поени во втората четвртина, пред на полувреме да отидат со предност од 66:53. Водството го оддржуваа до крајот на третата четвртина, кога почнува пресвртот за во финишот да стигнат до убедлива победа.
Стеф Кари повторно беше лидер на Вориорс со 36 поени, Дрејмонд Грин имаше трипл-дабл со 20 поени, 12 асистенции и 13 скока, додека Клеј Томпсон уфрли 19 поени. Кај домаќините, Меккалам маше 23, Лилард 19, а Ленард 16 поени.