Прославениот аргентински фудбалер Габриел Омар Батистута е многу блиску до позиција менаџер на англискиот тим Мидлзборо кој се натпреварува во Чемпионшип во Англија, пренесуваат неколку медиуми на Островот.
Аргентинецот кој со светска слава се стекна во Фиорентина, во Серија А положи за тренерска „А“ лиценца и сега без проблем може да започне со тренерската работа.
Популарниот „Батигол“ дел од времето по завршувањето на професионалната кариера работеше како советник во Аргентина, а се занимаваше и со коментирање.
Мидлзборо моментно е без менаџер откако Тони Пулиш беше отпуштен затоа што со својот тим не успеа да обезбеди место во плеј офот. Тимот заврши на седмото место на табелата, со бод заостаток од можност за борба за Премиерлигата.
Конкуренција на Батистута му е Крис Хјутон кој и покрај тоа што обезбеди премиерлигашки опстанок за Брајтон, заработи отказ. Како опции за испразнетото менаџерско место се и Холанѓанецот Михаел Рајзигер, Фил Невил и Артета.