Енди Мареј, не е сигурен дали оваа година ќе игра натпревари во сингл на Вимблдон. Најпрестишниот тениски турнир во светот, Британецот го има освојувано во 2013 и 2016 година.
Поранешниот број 1, има големи проблеми со колковите. Во февруари го оперираше десниот колк, а со тренинзи започна минатиот месец. 32 годишниот тенисер последниот меч го има одиграно на 14 јануари во Мелбурн против Роберто Баутиста-Агут.
„Поминаа 16 недели од операцијата, полека им се враќам на тренинзите. Денес прв пат бев на терен, претходно тренирав во сала. Мала е веројатноста дека ќе играм во сингл на Вимблдон. Можеби ќе настапам во дубл“, рече Мареј.
„Како што кажав и претходно постои можност по Вимблдон да ја завршам кариерата. Тоа ќе се случи ако се чувствувам лошо“, дополнил Британецот.
Енди Мареј во моментов се наоѓа на 218 место на АТП листата.