Славниот „меѓусебен“ или „двоен“ нокдаун е ситуација во која двајцата боксери во исто време си упатуваат удар за крај на мечот, но ако мислевте дека го има само во цртаните филмови, тогаш се лажете.
На меч во Флориа, Иросвани Дувергел и Џеред Фендерсон паднаа „синхронизирано“ во меч во средна категорија. Кубанскиот боксер во средна категорија Дувергел се надеваше дека ќе го подобри својот 5-0 скор против Американецот Фендерсон, кој имаше неславни 4 победи во 14 меча.
Дувергел, кој беше апсолутен фаворит во мечот, го погоди противникот со десницата во третата рунда, но во речиси исто време, Фендерсон со аперкат го покоси Дувергел. Кубанецот бргу се врати на нозе и побара судијата да му брои на противникот.
Тука не заврши драмата. Откако Фендерсон се врати на нозе, во третата рунда имаше уште два нокдауни, за на крај на мечот Дувергел да победи на поени.