Марио Манџукиќ кариерата би можел да ја продолжи во Борусија Дортмунд. „Милионерите“ се во потрага по класичен напаѓач, а според спортскиот директор Михаел Цорк, иделно решени за тимот би бил поранешниот хрватски репрезентативец.
„Билд“ тврди дека Јувентус ќе ја прифатат понудата, бидејќи работат на трансферот на Мауро Икарди, а како алтернатива во нападот го имаат и тинејџерот Моизе Кеан.
Манџукиќ има искуство од Бундес лигата, каде во минатото со голем успех играше во Волфсбург и Баерн Минхен.
Иако преодниот рок се уште не е започнат, во Дортмунд веќе пристигнаа тројца играчи со кои Борусија најавува напад на шампионската титула. Нови играчи на „милионерите“ веќе станаа германските репрезентативци Нико Шулц и Јулијан Брант, односно Белгиецот Торган Азар.