Top Sport

Транмере, омилениот тим на судијата Дин, влезе во третата лига (видео)

Транмере роверс, клубот за кој неодамна дознавме дека е омилен на познатиот англиски судија Мајк Дин, влезе во третата англиска лига, откако со голот на Конор Џенингс во продолжението на „Вембли“ ги победија Њупорт. Ова е втора сезона во низа во која Транмере успева да оди лига погоре.

Дин и овојпат беше на трибините како страствен навивач на Транмере и покрај критиките кои ги доживеа во Англија за навивањето. Навивачите на Транмере пристигнаа на славниот англиски фудбалски храм со маски со ликот на судијата.

Најпознатиот англиски судија на трибините ја слави победата на омилениот клуб (Видео)

Scroll to Top