Маурицио Сари наредната сезона ќе го предводи Јувентус, тврдат италијанските медиуми. Според истите извори, соработката помеѓу двете страни ќе биде официјализирана по завршувањето на финалето во Лига Европа помеѓу Челси и Арсенал.
Челниците на Јувентус неколку дена преговарале со Сари, откако се обиделе три пати, но не успеале да стапат во контакт со Пеп Гвардиола. За порталот СНАИ, новинарот Танкреди Палмери, напишал дека Сари се согласил да работи за годишна плата од седум милиони евра.
Наводно Сари и на сопствена штета ќе го раскине договорот со Челси, само за да го преземе најтрофејниот италијански клуб.
ESCLUSIVA:
LA JUVENTUS HA RAGGIUNTO L’ACCORDO CON SARRI!GUARDIOLA HA DETTO NO PER LA TERZA VOLTA!
I dettagli:https://t.co/ukrrmIZiKs@SNAI_Official
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) May 25, 2019