Top Sport

Хамилтон: Беше да се откажам или да победам

Британецот Луис Хамилтон по победата на трката за Големата награда на Монако, изјави дека возел една од најтешките трки во кариерата.

Актуелниот шампион трката ја започна од пол-позицијата и на првото место беше во текот на целата трка, иако имаше големи проблеми со гумите.

„Ви ниту еден момент не сакав да влезам во гаражата. Знаев дека или ќе се откажам или ќе ја завршам трката со победа. Гумите беа во лоша состојба не знам како возев“, изјавил лидерот во генералниот пласман.

Својата 77 победа во кариерата Хамилтон му ја посвети на легендарниот Ники Лауда кој почина во вторникот.

„Во себе се борев со духот на Лауда. Имаше големо влијание во нашиот тим, ни помогна да дојдеме на ова ниво. За мене ова беше една од најтешките трки, се обидував да останам фокусиран, Лауда ќе се гордееше. На сите ќе ни недостига“, заклучил Хамилтон.

Британецот е лидер во генералниот пласман со 147 бода, 17 повеќе од тимскиот колега Валтери Ботас, додека на третото место е Себастијан Фетел со 82 бода.

Scroll to Top