Top Sport

„Калчомеркато“: Гатузо е нов тренер на Сампдорија?

Џенаро Гатузо вчера го напушти Милан, а веќе денеска најде нова работа. Како што пишува италијански „Калчомеркато“, Гатузо речиси игурно наредната сезона ќе седи на клупата на Сампдорија од Џенова.

„Одлучив сам да си одам од Милан. Не беше лесна одлука, но морав да ја донесам. Не се случи некој посебен момент кога се скршив, повеќе е последица на се што се случуваше во изминатите 18 месеци. Беа тоа незаборавни месеци. Ме боли што морам да си одам“ – рече популарниот Рино.

Го водеше Милан на 83 меа, забележа 40 победи, 23 реми натпревари и 20 порази.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо на клупата на Сампдорија е речиси завршена работа. Информациите се дека е договорена тригодишна соработка, а деталите ќе се завршат наредните денови.

Scroll to Top