И Реал Мадрид се вклучи во трката за дефанзивецот на Ајакс, Холанѓанецот Матијс де Лихт, моментно најбараниот фудбалер во светот.
Мадридскиот клуб досега не се споменуваше во никаква врска со дефанзивецот затоа што борбата се одвиваше меѓу ПСЖ, Барселона, Баерн, Манчестер Јунајтед и Јувентус.
„Радио Монте Карло“ објави дека и Реал се вклучува во трката по Де Лихт.
Според информациите, младиот стопер досега беше најблиску до трансфер на „Паркот на принцовите“ иако Барса со месеци беше во пол-позиција да го ангажира и повторно да го спои тандемот од Ајакс, Де Јонг-Де Лихт.
Сепак Каталонците се откажаа од дефанзивецот кој бараше 13 милиони евра месечна плата.
Мадридски Реал за засилувања за идната сезона потроши околу 300 милиони евра, а за Холанѓанецот ќе мора да даде уште најмалку 75 милиони.