Top Sport

Алиловиќ: Капата долу за играчите на Вардар

Мирко Алиловиќ од Пик Сегед долги години еден од најдобрите ракометни голмани во светот не може да ја заборави елиминацијата од Вардар во четврт-финалето, во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Пик Сегед имаа големи амбиции, посакуваа пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но тој сон им го урна Вардар. Во четврт-финалето Вардар во Скопје победи 31:23, а во реваншот Пик Сегед славеше 29:25, иако на полувреме имаше предност од 17:9, а во вториот дел два пати и водство од девет гола.

На крајот Вардар, кого поради финансиските проблеми сите го отпишаа избори пласман н завршниот турнир, а потоа и ја освои титулата, втора во клупската историја.

Алиловиќ не може да ги заборави тие четврт-финални пресметки и не верува дека Вардар ќе исчезне од ракометната мапа.

„Слушнав дека потпишуваат со некои ракометари, дека клубот ќе продолжи да работи, јас од срце им го посакувам тоа, иако „долу“ загубив со десет разлика. Но да се игра во Скопје е неповторливо искуство. Во стотици арени сум играл во својата кариера, но никаде не сум доживеал некој со толку емоции да го бодри својот клуб. Никаде не сум видел толку неверојатна љубов и емоции…Клубот се дави во финансиски проблеми, се гаси, играчите со месеци не добиваат плата, но беа сплотени и на крајот ја освоија титулата. Нема што да се каже само „капата долу момци“. Други играчи веројатно ќе си заминеа уште на полу-сезоната, но тие останаа, ја освоија Лигата на шампионите и се запишаа во историјата“, рекол Алиловиќ во дел од интервјуто за „24sata.hr“.

Вардар на завршниот турнир со епски пресврт ја победи Барсеона во полу-финалето (29:27), а потоа во финалето го победи и Веспрем (27:24). Алиловиќ смета дека во две дена, колку што трае завршниот турнир, треба да се „поклопат коцките“, односно тројца расположени играчи гарантираат титула.

„Вардар? Губеа осум разлика во полу-финале и направија пресврт во последните 15 минути, а потоа доминираа во финалето против Веспрем…Претходно тоа го направи Монпелје, го елиминираа Фленсбург па Барселона, го победија Врадар и накрајот на Нант…Тоа е таков викенд, во тие два дена или ти се поклопуваат работите или не. Ако тројца играчи имаат добар викенд тоа е најдобар рецепт за освојување на титулата. Најтешка работа во сезоната е да се пласираш на завршниот турнир“, заклучил Алиловиќ.

Scroll to Top