Top Sport

Вундеркиндот од Зволе потпиша со Ливерпул

Младиот Холанѓанец Сеп ван дер Берг потпишал договор со европскиот првак Ливерпул. Талентираниот играч е првиот играч што пристигна на „Енфилд“ во овој преоден рок.

Ван дер Берг е роден на 20 декември 2001 година, а во Ливерпул пристигна од екипата на Зволе. Иако нема полни 18 години тој минатата сезона одиграл 15 натпревар во првенството за Зволе.

Дефанзивецот е стандарден член на репрезентацијата на Холандија за играчи до 19 години.

„За мене ова е најголемиот клуб во светот, го остварив сонот. Една од причините што дојдов тука е тренерот Јирген Клоп“, рекол Ван дер Берг.

Scroll to Top