Аргентина, конечно, одигра добар меч на Копа Америка, елиминирајќи ја Венецуела со 2:0 победа со што обезбеди полуфинален дуел со домаќинот Бразил во мега-пресметка и класика на Копа Америка.
На Аргентинците им се закануваше елиминација во групната фаза откако турнирот го започнаа со пораз од Колумбија (2:0) и реми со Парагвај (1:1), по што со победата над Катар се спасија од срамот од рана елиминација.
Против Венецуела, Аргентинците одиграа добар натпревар и дојдоа до рано водство уште во 10. минута преку напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, а откако и Венецуелците имаа неколку добри шанси, во 74. минута, Џовани Ло Селсо зголеми на 2:0 откако на ударот на Серхио Агуеро, голманот Вилкер Фаринез имаше лоша интервенција.