Top Sport

Нема казна за Ферстапен, останува неговата победа во Австрија

Макс Ферстапен не беше казнет за претекнувањето на Шарл Леклер во трилер-финишот на Австриското ГП во Шпилберг, останувајќи со првата победа во новата сезона, додека возачот на Ферари останува на второто место.

Ова е резултат на долгата седница на стјуардите на трката во Австрија и доаѓа неколку недели откако стјуардите на Канадското ГП контроверзно му ја одземаа победата на Себастијан Фетел и му ја предадоа на Луис Хамилтон, со што ризикуваа бес на вистинските Ф1 фанови.

По трката, Ферстапен изјави дека се работело за обичен тркачки инцидент и дека нема поента да се биде во Ф1 ако се казнуваат такви потези.

„Се работи за тркање. Ако вакви работи не се дозволени во тркањето, тогаш која е поентата да се биде во Формула 1?“, се запраша Ферстапен.

Ферстапен го истурка Леклер и победи на Ред бул ринг (засега условно)! (видео)

Scroll to Top