Тешко е да се поверува дека кошркар кој четирипати бил учесник на НБА Ол стар меч не може да пронајде клуб. Таков случај бележи НБА лигата.
Кога потпишуваше едногодишен договор со финалистот Голден Стејт вреден 5,3 милони долари, Демаркус Казинс имаше идеја дека заедно со Томпсон, Грин, Кари и Дурент ќе ја одбранат шампионската титула. Сепак, повредата на Ахиловата тетива го спречи во тоа, а титулата отиде кај Торонто.
Казинс се надеваше дека ќе добие повеќемилионски договор, каков што добиваат големите НБА ѕвезди, ама според сознанијата на американскиот новинаар, Адријан Војнаровски, за силниот центар моментно не е заинтересиран ниту еден тим во најсилната кошаркарска лига во светот.
Казинс сепак е познат и како играч кој лесно може да ја наруши атмосферата во соблекувалната. Сепак, неговиот најголем проблем е склоноста кон повреди.
Како негови потенцијални следни дестинации се споменуваа Далас, Њујорк Никс и Бостон, но засега без официјална понуда.
„Мислам дека се надеваше дека некој од големите клубови ќе го доведе на една година за плата од 12 до 20 милиони долари, но тоа нема да се случи“ – смета Војнаровски.
https://youtube.com/watch?v=ZQsszVi8BJ4