Жозе Мурињо неодамна се сретнал со најбогатиот Кинез, Хуи Џиајин, инаку претседател на „Евергранде групацијата“ за можно враќање како тренер на кинескиот суперлигаш Гуангжу Евергранде.
Португалскиот стручњак е без работа откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед во декември 2018 по низата лоши резултати, по што изјавуваше дека посакува да биде селектор на некоја репрезентација.
Но, сега, според „Токспорт“, Хуи, кој направи милијарди во развојот на недвижнини, имал позитивни преговори со Мурињо, по што следувале и дополнителни преговори со претставниците на поранешниот тренер на Порто, Челси, Реал Мадрид и Интер.
Ако успее Хуи, Мурињо ќе биде најпознатото тренерско име во Суперлигата пред Рафа Бенитез, Фабио Капело, Свен-Горан Ериксон и Фабио Канаваро.