Селтик стигна до убедлива 3:1 победа на гостувањето кај Сараево, додека Црвена звезда одигра реми без голови на гости кај литванскиот Судува во првите мечеви од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Мирко Оремуш донесе водство за „бордо“ тимот на „Кошево“ во 29. минута, но само шест минути подоцна Мајкл Џонстон израмни за шкотскиот шампион. Во второто полувреме Одсон Едуар во 51. минута и Скот Синклер во 85. минута стрелаа за Селтик да направи убедлива предност пред реваншот во Глазгов.
Звезда на гостувањето во Литванија одигра 0:0, така што патникот во второто коло ќе се бара на „Рајко Митиќ“, додека косовскиот Фероникели со два гола во финишот на мечот обезбеди 2:2 реми кај Њу Сеинтс во Велс.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 1.НАТПРЕВАР
Сараево (БиХ) – Селтик (Шко) 1:3
Дуделанж (Лук) – Ла Валета (Мал) 2:2
Судува (Лит) – Црвена звезда (Срб) 0:0
ТНС (Вел) – Фероникели (Кос) 2:2