Top Sport

ЛШ: Лудогорец загуби во Будимпешта, грузиска сензација во Молдавија (видео)

Ференцварош стигна до 2:1 победа над Лудогорец во најинтересниот денешен меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, најавувајќи интересен реванш, додека молдавскиот Шериф Тираспол доживеа неочекуван 3:0 пораз од грузискиот Саубртало за најголемото изненадување за обложувачите.

Интересно ќе биде во Полска следната недела откако фаворитот БАТЕ Борисов одигра само 1:1 дома против полскиот Пјаст, додека Сутјеска исто така може да се надева на пласман во второто коло откако извлече идентични 1:1 кај Слован Братислава. Албанскиот шампион Партизани одигра 0:0 со минатогодишните учесници во групната фаза, азербејџанскиот Карабаг, додека норвешки Розенборг стигна до 2:0 победа на гости кај Линфилд во Северна Ирска.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 1.НАТПРЕВАР

Партизани (Алб) – Карабаг (Азе) 0:0

БАТЕ Борисов – Пјаст (Пол) 1:1

Шериф Тираспол (Мол) – Сабуртало Тбилиси (Гру) 0:3

Ференцварош (Унг) – Лудогорец (Буг) 2:1

Слован Братислава (Свк) – Сутјеска (ЦГо) 1:1

Дандалк (Ирс) – Рига (Лет) 0:0

Линфилд (СИр) – Розенборг (Нор) 0:2

Scroll to Top