Во сообраќајна несреќа во Босна и Херцеговина потешко е повреден кошаркарот на Црвена звезда, Огњен Кузмиќ, потврдија од српскиот клуб.
Кузмиќ со своето Порше се судрил со БМВ на магистралниот пат Бања Лука-Приједор и се здобил со тешки повреди на главата и градниот кош, по што е пренесен во Белград. Автомобилот на Кузмиќ се превртел, а повреден е и неговиот пријател со кого наводно се враќал од свадба. Во вториот автомобил двајцата патници се полесно повредени.
29-годишниот Кузмиќ последните две сезони играше во Реал Мадрид, по што се врати во Звезда. Претходно во кариерата тој играше за Панатинаикос, Голден Стејт вориорс, Хувентуд и Уникаха. Тој ја освои НБА титулата со Голден стејт, а со Реал беше шампион во Евролигата.
Fotografije sa mjesta nesreće u kojoj je Kuzmić teško povrijeđen pic.twitter.com/FXqwatThsh
— Римодеч Рањшуш (@doce1996) July 14, 2019