Top Sport

Икарди се заканил дека две години ќе „дреме“ во Интер

Мауро Икарди им се заканил на Интер дека нема проблем да седи на страна и да почека две години да заврши неговиот договор со „нераѕурите“, откако новиот тренер Антонио Конте му порача дека е непожелен.

Во саботата Интер потврдија дека Икарди нема да патува на азиската турнеја откако тој замина од тренинг-кампот во Лугано да работи сам на физичката подготвеност. Иако клубот тврди дека се работи за заедничка одлука, весникот „Ла република“ вели дека ситуацијата не е така едноставна.

„Ако треба ќе останам тука две години, ќе си ја земам платата и нема да направам трансфер“, изјавил Икарди за весникот.

Интер се надеваат дека ќе успеат да го вклучат Аргентинецот во договорот за Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, но ако ја оствари заканата и одбие трансфер, тогаш проблемите на Интер ќе бидат големи.

Scroll to Top