Аргентинскиот фудбалер Макси Лопез објасни зошто Мауро Икарди и неговата поранешна сопруга, Ванда Нара го прават да се чувствува бесен. Ванда беше мажена за Лопез и има три деца со него, но се разведе по аферата со Икарди, кој тогаш беше соиграч на Лопез во Сапндорија.
„Постои судска одлука, но тие не ја почитуваат. Не ми даваат да ги гледам децата, кои ги гледам само двапати годишно. Се обидувам да зборувам со Ванда, но тоа што треба да е приватно е постирано на социјалните мрежи и затоа е невозможно да се зборува. Тие не ме почитуваат. Со неа сè е за парите, иако никогаш не и недостасувале. Му кажав на новиот маж на мојата бивша сопруга дека ќе сфати кога ќе стане татко. Ме прави бесен што моите деца се користат на таков начин“, вели Лопез во интервју за „Подемос хаблар“.
Лопез моментално игра како напаѓач во бразилскиот Васко да Гама. 35-годишниот ветеран не сакаше да одговори на прашањата дали платил мафијаши да му се закануваат на Икарди додека играше за тимот на Катанија.