Асот на Ферари, Себастијан Фетел му се извини на ривалот од Ред бул, Макс Ферстапен за судирот кој ги уништи шансите на Холанѓанецот за подиум на Британското ГП.
Четирикратниот светски шампион, кој своите титули ги освои со тимот на Ферстапен, Ред бул, ја прифати вината и казната од 10 секунди за удирање на болидот на Холанѓанецот одзади додека двајцата се бореа за третото место во 38. круг од Британското ГП.
„Тоа дефинитивно беше моја грешка. Секако, тој не беше среќен по трката, но животот продолжува. Му се извинив. Мислев дека внатрешната линија ќе се отвори, но не беше така. Ми изгледаше дека оди кон средината на патеката, но кога сфатив дека тука беше предоцна. Ја уништив мојата трка, но и неговата“, изјави Фетел, кој сега има неверојатно заостанување од 100 поени зад Луис Хамилтон по 10 трки.
Фетел влезе во боксот за ново крило и на крајот заврши на 16. место, додека Ферстапен беше петти. Ферстапен вели дека кај него нема вина.
„Како можете да очекувате да внимавам кога сум напред. Фрустрирачки“, изјави Ферстапен.
Seb straightly went to apologize to Max Verstappen after the race ?
? @FiftyBucksss #BritishGP ?? #Vettel #Seb5 #F1 pic.twitter.com/xgvXihog59
— Sebastian Vettel #5 (@sebvettelnews) July 14, 2019
(#F1 #BritishGP) Sebastian Vettel Crashes Into Max Verstappen pic.twitter.com/kkE5TXojKS
— Formula1 Videos (@518mc) July 14, 2019
Хамилтон до рекордна шеста британска победа, Фетел казнет за судирот со Ферстапен (видео)