Димитирис Итудис е прогласен за најдобар тренер во Евролигата, во сезоната 2018/2019. Грчкиот тренер втор пат ја добива наградата „Александар Гомелјски“. Итудис добил најмногу гласови од колегите тренери чии екипи играа во Евролигата.
Итудис минатата сезона го предводеше тимот на ЦСКА Москва до осмата титула европски првак во клупската историја.
„Ова е поединечна награда, но јас верувам дека е тимско признание. Му припаѓа на сите луѓе во тимот“, рекол Итудис.
Наградата „Александар Гомелјски“ го носи името на тренерот што ги освоил првите три трофеи во елитното натпреварување. Тој во периодот 1958-1960 бил европски првак со Рига.
Втрото место во изборот на тренерите му припадна на тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, а третото го освои стратегот на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.
"Even though this award is considered a personal one, I believe it’s a team award, which belongs to so many people who deserve appreciation"
Humble throughout ?
Congrats on an amazing season, coach ?#GameON pic.twitter.com/0yp5koATlh
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) July 16, 2019