Top Sport

Алонсо: Хамилтон нема врска со никого во Ф1, носи чудни алишта

Во 2007 година, Луис Хамилтон влезе со „бум“ во Формула 1 шампионатот како колега на тогаш веќе двократниот светски шампион Фернандо Алонсо во тимот на Мекларен, во еден од најбурните конфликти меѓу тимски колеги во историјата на спортот.

Иако двајцата беа фаворити за титулата, на крајот завршија со ист број на поени, а Кими Раиконен во Фераир ја освои титулата. Двајцата подоцна тврдеа дека конфликтот меѓу нив не бил личен, туку дека се работело за лошо менаџирање од тогашниот шеф на Мекларен, Рон Денис.

„Тогаш тој не беше лош. Беше дебитант и сега гледам дека бил помалку загубен. Но, секогаш има приказна за добри и лоши момци во Ф1, тоа е дел од спортот“, вели Алонсо.

Шпанецот вели дека ниту еден Ф1 возач нема „контакт“ со Британецот.

„Не, бидејќи тој реши да нема никаква врска со никого во Ф1. Последните неколку години сам се изолираше. Тој е во светот на модата, носејќи чудни алишта“, додава Алонсо.

Scroll to Top