Top Sport

Наполи ќе ги тужи Кулибали и Осимен ако играат на Африканскиот куп

Адвокатот на Наполи, Матија Грасани потврди дека повеќето итлаијански клубови, вклучувајќи го и неговиот може да се решат да ги тужат сопствените играчи а да ги спречат да учествуваат на Африканскиот куп на нации (АФЦОН) во Камерун во јануари.

И покрај тоа што најновиот бран на КОВИД-19 придонесе за многу позитивни случаи меѓу спортистите, засега не се најавува откажување на АФЦОН, и покрај тоа што во Камерун само околу 5 отсто од популацијата е вакцинирана.

„Може да има и легални последици ако се земе во предвид епидемиолошката ситуација, бидејќи турнирот ќе одземе важни ‘ресурси’ од клубовите. Клубовите инвестираа многу пари за фудбалери како Виктор Осимен, а ако тој се зарази, тогаш клубот ќе страда. Првиот чекор  ќе биде легална постапка тие да не бидат повикани бидејќи здравствените стандарди не се на ниво на европските натпреварувања“, вели Грасани.

Scroll to Top