Top Sport

Интер не го дава врвот, минималец против Торино за +7!

Актуелниот шампион Интер уште еднаш потврди дека е првиот фаворит за одбрана на скудетото, откако стигна до минимална 1:0 победа над Торино за да избега седум поени пред Наполи и Милан (иако двете екипи имаат меч помалку).

Трите поени за тимот на Симоне Инзаги ги обезбеди Холанѓанецот Дензел Дамфрис на асистенција на Един Џеко во 30. минута од мечот на „Сан Сиро“.

Рома на Жозе Мурињо пак, продолжи со променливата игра, откако по убедливата 4:1 победа кај Аталанта, одигра 1:1 дома со Сампдорија. Елдор Шомуродов донесе доцно водство за „волчицата“ во 72. минута, за Матија Габијадини само осум минути подоцна да израмни.

Рома сега е шеста со 32 поени, два помалку од Јувентус, и израмнети со Фиорентина на седмото место, откако тие се вратија за 1:1 реми кај Верона.

СЕРИЈА А, 19.КОЛО

Интер – Торино 1:0

Рома – Сампдорија 1:1

Верона – Фиорентина 1:1

Сасуоло – Болоња 0:3

Венеција – Лацио 1:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top